Антидепресивите предизвикуваат „емоционална бесчувствителност“, според истражувањето кое нуди нови сознанија за тоа како лековите можат да делуваат и нивните можни несакани ефекти. Трудот посочува дека самите лекови (и тоа од оние што се најкористени) може да предизвикаат „отапеност“ на емоциите кај човек.
-Овие лекови одземаат дел од емоционалната болка кај луѓето со депресија, но за жал, се чини, отстрануваат и дел од убавите чувства. Овие наоди би можеле да им помогнат на пациентите да направат поинформиран избор на лекови. Но, од друга страна, нема сомнеж дека антидепресивите се корисни за многу пациенти, појаснува професорката Барбара Сахакијан од Универзитетот Кембриџ, една од авторите на студијата.
Истражувањето, објавено во списанието „Невропсихофармакологија“ (Neuropsychopharmacology), било спроведено на 66 доброволци во текот на три седмици. Тоа покажа дека „отапувањето“ на емоциите може да биде една несакана последица од лековите против депресија.
Според Националната здравствена служба, на повеќе од 8,3 милиони пациенти во Англија им бил препишан антидепресив во текот на 2021 – 22 година.
Сахакијан вели дека овие наоди би можеле да бидат корисни за пациентите, како и за третирањето и на посериозни болести.
Извор: Курир.мк