Водителката Драгана Катиќ пред извесно време доживеа незгода за време на снимањето на емисијата „Никогаш не е доцна“ и се здоби со полесни повреди.
Кога Драгана почнала да се спушта од големата бина, се сопнала, а потоа паднала, извртувајќи го зглобот во таа прилика, што подоцна предизвикало хематом на коленото.
View this post on Instagram
Тогаш Драгана покажа колку е професионалец, бидејќи и покрај повредите, на сцената се врати со високи потпетици и продолжи со својата работа како ништо да не се случило.
– Луѓето не знаат дека не е секогаш лесно. Мислат дека се’ е сјај и гламур, а не знаат колку треба да поминат луѓето кои работат на шоуто за да го добијат финалниот производ – рече Драгана.
фото: Инстаграм