Промотер

Елена Велевска со песна ве води на „Крштевка“ (ВИДЕО)

Елена Велевска со песна ве води на „Крштевка“ (ВИДЕО)

Фолк пејачката Елена Велевска деновиве повторно е актуелна со нова, овој пат наменска песна.
По неколкуте нејзини песни од таков тип како “Куме заиграј” и “Невеста” без кои не поминува ниту една свадба, овој пат Велевска испеа песна која е наменета за крштевање, па носи и таков наслов: „Крштевка“. Музиката и аранжманот се на Дејан Момировски, а текстот го напишала самата таа.

„Бидејќи често пеам на такви прослави и осетив потреба од таква тема да се испее. Со самата улога како што сум и родител на три дечиња ми дојде идеја да направам текст за една ваква тема“, истакнува Елена и додава:

„Се надевам дека песната ќе заживее кај мојата публика, бидејќи одамна очекуваат да подготвам и една наменска тема, како што  претходно беа моите добро познати наменски песни: “Куме заиграј” и “Невеста”.

Затоа седнав го напишав текстот и останатото му го препуштив на Дејан Момировски. Задоволна сум од првите реакции на оние кои ја слушнале. Песната ја имаше својата телевизиската промоција, а деновиве ќе имам можност и во живо да ја изведам. Се надевам дека и оваа песна ќе биде успешна како и  предходните две наменски и публиката ќе јаприфати“ – изјави деновиве Велевска за Ин телевизија, за која е снимена и промо видео изведбата на „Крштевка“.

 

 

 

To top