Пејачот Драган Којиќ Кеба е постојано насмеан и расположен за време на своите ТВ гостувања, поради што никој не можеше ни да претпостави дека неговата здравствена состојба своевремено била нарушена, а за тоа не кажал ниту збор во медиумите. Само неколку луѓе, меѓу кои и неговата сопруга Оља, синот Игор и ќерката Наташа, биле свесни дека тој дури пред неколку години завршил во болница.
Имено, на Кеби во 2013 година му била дијагностицирана срцева болест, ангина пекторис, поради што му било советувано драстично да ги промени своите навики, што делумно и го направил. Целосно го промени начинот на исхрана, почна со благи тренинзи, но она што не можеше да го поправи се тешките професионални обврски.
Турнејата во Америка сериозно го загрози здравјето на Драган Којиќ Кеба, па по враќањето во Србија, музичарот заврши на Институтот за кардиоваскуларни болести. Наводно, тој се разболел поради напорот и климатски промени, а на влошување на неговата состојба најмногу влијаел стресот поради семејните настани.
– На Кеба за прв пат му беше дијагностицирана болеста во 2013 година, потоа доби лекови и му беше кажано да избегнува стрес, да се храни правилно и со квалитетна храна. Во еден момент се споменуваше операција, но тој ја избегна. Се трудеше колку што можеше, но се го кршеше. Синот се ожени со Северина, се зборуваше во весниците, па се разведе, но најголема мака му направи ќерката Наташа, која веќе 10 години е во Америка каде се обидуваше да изгради кариера. Ја кине душата од грижа за ќерката – извор близок до музичарот за „Свет“ изјавил дека од последната хоспитализација станал примерен пациент и ја држи подалеку срцевата болест, а се верува дека враќањето на Таша исто така ќе биде од корист за него.
Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/ Александра Јовановиќ Циле