Бојана Родиќ, сопруга на Мирко Шијан, син на Гоца Божиновска, се породи вторпат и роди живо и здраво момче кое го добило старото српско име Вукан. Прославата по повод раѓањето на вториот наследник беше организирана во семејната куќа во Сурчин и траеше до раните утрински часови ноќта меѓу понеделник и вторник.
Меѓу бројните гости и пријатели на куќата, на прославата прва пристигна Злата Петровиќ, најдобрата пријателка на Гоца Божиновска, која не заборави уште еден важен датум.
– Секако дека тука има два подароци. Роденден и на Гоца ми е, Бојана требаше да се породи во февруари, ама еве, сакаше Господ, Господ рече така. Тоа е двојна прослава! Ова е најубавиот роденден на Гоца. И бабата и внукот ќе го прослават роденденот по една цена! – низ смеа рече Злата.
Злата потоа ги пофали Бојана и Мирко и истакна дека многу се сакаат.
– Бојана и Мирко се најубавиот пар што го познавам. Ништо поубаво од љубовта. Се сакаат, љубов не им недостига! Гоца е прекрасна баба. Станав баба пред 15 години, а сега и таа. Посебно е чувството, со ништо не може да се спореди – истакна пејачката.
Освен членовите на поширокото семејство, најсреќна беше Злата, која со микрофонот ги исполни сите музички желби на гордиот тато Мирко. Цела ноќ ја гушкаше и ја опсипуваше со пари.
фото:Инстаграм принтскрин