Радио Милева храбро и секси

Тамара ослабе, па доби самодоверба да се облече ултра провокативно на сцена: Бурна ноќ, со уште пожесток стајлинг (фото)

Тамара ослабе, па доби самодоверба да се облече ултра провокативно на сцена: Бурна ноќ, со уште пожесток стајлинг (фото)

Откако помина неколку дена на Маврово заедно со своите деца и пријателките, Тамара Тодевска му се врати на ноќниот живот во Скопје со настап во еден бар.

Кога Тамара има закажан настап секогаш е преполно до последно место, а пак кога влезот е слободен, тогаш тешко да се влезе без претходна резервација.

Публиката секогаш е гладна за забавите на Тамара и нејзиниот моќен вокал кој одекнува во уши и по крајот на забавата. Ги пееше своите песни, но и некои од колешките како Елена  и Каролина кои го споделија тоа на своите профили.

Тамара викендов беше полна со самодоверба на сцена, но не изненади со вокалите спосовности, туку со изгледот кој го сервираше пред очите на присутните.

Познато е дека долг период е посветена на вежбањето, а трудот вродил со резултат до тело какво таа посакува, а со тоа се залепи и самодовербата за храбар избор на сценски стајлиг со поголема провокативност и сексапил.

Па така, викендов Тамара се стегна во црн котсет од кој градите беа на мегдан, ама и голите нозе од транспарентни панталони од кои фокусот беше на гаќичките.

За жешката и возбудлива атмосфера таа напиша:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

-Не можам да ја опишам вчерашната вечер. Но, знам дека засекогаш ќе ја паметам.
Фала ви од срце за сета љубов и позитивна енергија. Атмосферата од вчера нека нѐ следи цела година- ги дополни Тамара фотографиите од вечерта за која сме сигурни дека ќе има уште многу репризи, секоја своја и посебна за паметење.

фото:Инстаграм/Тамара Тодевска

To top