Овен
Љубов:
При средба со саканата личност, секое претерување носи спротивен ефект. Не го нервирајте партнерот.
Работа:
Трпеливо чекајте да стивнат негативните страсти и премолчете го вашето мислење. Важно е да се процени вистинскиот момент за акција.
Здравје:
Насочете ги мислите во позитивна насока, опуштете се.
Бик
Љубов:
Ви недостига емотивна стимулација, планирајте средба со личност која ќе ви даде дополнителна енергија и топли чувства.
Работа:
Се грижите за постигнување конкретни резултати, па ве иритира нечија колебливост или неизвесност во деловните преговори.
Здравје:
Почестете се со некоја омилена забава, како рецепт за добро расположение.
Близнаци
Љубов:
Ве привлекува комбинација на емотивна, страсна и интелектуална поврзаност, но на личноста која е во вашето друштво и недостига „нешто“ од тоа.
Работа:
За околината делувате привлечно и шармантно, но тоа не е доволна гаранција за деловен успех.
Здравје:
Социјалниот ангажман позитивно влијае на вашата ментална рамнотежа
Рак
Љубов:
Ако се грижите да влијаете на мислењето на партнерот, употребете малку лукавство. Но, задржете ја вистинската мерка во сè.
Работа:
Имате храброст да го кажете своето мислење. Треба да покажете и одредени дипломатски манири на деловните состаноци.
Здравје:
Ќе ви годи некоја спортска активност или престој во природа.
Лав
Љубов:
Новите настани можат да го нарушат вашиот однос со вашата непосредна околина. Преиспитајте ја вашата емотивна поврзаност со саканата личност.
Работа:
Премногу сте преокупирани со амбиции, па не забележувате нови настани кои ја засегаат вашата околина. Се си има своја цена.
Здравје:
Ќе ви годи психофизичка релаксација.
Девица
Љубов:
Партнерот вешто крие дел од вистината. Понекогаш не е лесно да се докаже вистината, дури и кога сите предности се на ваша страна.
Работа:
Нема потреба да ги обвинувате другите за лошо расудување. Потрудете се правилно да го поправите вашето однесување во согласност со заедничките интереси.
Здравје:
Ќе ви годат некои од техниките за психолошка релаксација.
Вага
Љубов:
Во односот со саканата личност не барајте невозможни отстапки, прифатете го тоа што ќе го добиете со поголема почит.
Работа:
Внимавајте на корисните совети, секогаш постои можност да постигнете деловен договор кој води до заеднички решенија.
Здравје:
Треба да ја подобрите вашата психофизичка подготвеност.
Скорпија
Љубов:
Во врската со саканата личност поставете јасна граница помеѓу учтивото однесување и меѓусебната доверба.
Работа:
Треба да ги завршите обврските во предвидениот рок. Никој нема да ги толерира вашите изговори или деловни неуспеси.
Здравје:
Ќе ви годи рекреација или престој во природа.
Стрелец
Љубов:
Важно е да реагирате во вистински момент пред вашата сакана личност. Доколку сте слободни, планирајте емотивен состанок или некоја атрактивна забава.
Работа:
Понекогаш работите изгледаат премногу комплицирани. Но, ако не се обидете, ќе зажалите. Вашата околина изгледа стимулативна и добронамерна.
Здравје:
Во одлична форма сте.
Јарец
Љубов:
Уживате во нечиј емотивен интерес, но потајно посакувате да ги тестирате своите способности во ново друштво.
Работа:
Изгледате многу самоуверено, обидете се да остварите добри деловни контакти на различни страни.
Здравје:
Важно е правилно да ја канализирате вашата креативна енергија.
Водолија
Љубов:
Важно ви е да се наметнете како авторитетна личност во друштво на саканата личност. Упорно се обидувате да влезете на нечија „љубовна патека“.
Работа:
Соработниците се жалат дека на прво место ги ставате вашите лични интереси или дека често практикувате самоволие.
Здравје:
Контролирајте ја вашата импулсивна природа и нервоза.
Риби
Љубов:
Во односот со саканата личност, важно е и двајцата да се држите до договорот. Не ги прекршувајте утврдените правила.
Работа:
Некој го предизвикува вашето влијание. Бидете внимателни, повнимателно избирајте доверливи и угледни соработници.
Здравје:
Избегнувајте претерување или лоши навики.