Радио Милева Кич или шик?

Хајди Клум на „Златен глобус“ се појави во блескав  фустан со пердуви, а со ова привлече најголемо внимание (фото) 

Хајди Клум на „Златен глобус“ се појави во блескав  фустан со пердуви, а со ова привлече најголемо внимание (фото) 

Во Лос Анџелес се одржа 80-тото доделување на филмските и телевизиските награди „Златен глобус“, а многу јавни личности имаа можност да се пофалат со своите свечени тоалети.

Една од нив беше Хајди Клум, која дојде видно расположена и со насмевка на лицето, но и во интересен стајлинг. Всушност, мислењата за нејзиниот фустан се поделени, со оглед на тоа дека „имаше се“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Станува збор за мини фустан, со делови во боја на кожа, кои всушност од далечина изгледаат проѕирно, па привлекоа дополнително внимание. Покрај тоа, таа имаше многу светки и пердуви, а со сето тоа додаде мала клач чанта и сандали со тенки ремени. Некои тврдат дека никогаш не виделе нешто покич, додека други ја сметаат за икона на стилот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/heidiklum

 

To top