Пејачот Аламбе Алабаковски празничниот период беше еден од најактивните изведувачи на македонската естрада, беше во редот и на фолкерите, а заедно и со колегите од забавната сцена.
Пееше на сцени на отворено, по клубови, на новогодишни емисии или буквално го имаше секаде.
View this post on Instagram
Откако се врати од Америка, каде со семејството живееше околу седум години, Ламбе и се врати на родната Македонија, но и на музиката. Додуша, како се уште да се бара дали е само за забавно или може и народно, па затоа настапи и на „Валандово фест“, а потоа и на „Макфест“.
View this post on Instagram
Настанот за кој се уште го поврзуваат, а се случи во месец јуни од годината што измина, e тоа што Ламбе беше осомничен за потпалување на вратата на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, издржуваше осумдневниот притвор кој му беше одреден и заменет со куќен, а потоа му беше одземена патната исправа со образложение дека постои можност за бeгство затоа што пејачот има двојно државјанство, македонско и на САД.
View this post on Instagram
Со овој настан народот повеќе го зборуваше, па доби и на актуелност по враќањето од Америка.
Алабаковски сега си тера по старо кога е музиката во прашање, има нстапи заедно со бенд и очигледно решил дека најдобро му е на домашен терен.
View this post on Instagram
Сега не е реткост да се ѕирне и во неговата приватност, па така неодамна за своите следбеници на Инстаграм објави и семеен пртрет со своите сакани.
Тој позираше заедно со сопругата Магдалена и потпораснатите синчиња Михаил и Димитриј.
Иако е реткост да се слушне дека некој од дијаспората се вратил на тукашниот живот, Алабаковски е пример за спротивносто, а за него како дома никаде не е на друго место.
фото:Инстаграм/ламбе алабаковски