Радио Милева непознати детали

Неда Украден ја откри причината зошто не отишла на погреб кај нејзиниот поранешен сопруг (фото)

Неда Украден ја откри причината зошто не отишла на погреб кај нејзиниот поранешен сопруг (фото)

Пејачката Неда Украден со децении е на домашната јавна сцена, а неодамна ја објави својата автобиографска книга и откри непознати детали од нејзиниот живот.

Познато е дека Неда ја има ќерката Јелена, која ја доби во брак со познатиот режисер Милан Билбија. Неда беше во брак со него 10 години, по што се разведоа, а еднаш проговори за бракот и откри дали може повторно да се мажи.

– Да го немам овој памет , можеби ќе можев. Но велам, пробав, видов, не ми успеа, некаде сфатив дека нема што да барам, дека ќе бидам несреќна. На почетокот сите се полни со разбирање, сите не сакаат затоа што сме интригантни, од екранот, фини, згодни, привлечни, еротски, невротични. И тогаш почнува реалноста и експонирањето, па почнуваат да се случуваат драми, колку сте подготвени, внимателни, тактични, одговорни, совесни и пријателски настроени, толку функционира врската. Ако почнува во суета, докажување, тогаш не функционира. Се работи за тоа дали имате сојузник, пријател, партнер или имате некој на кој се докажувате. Класичен судија што те слуша –  раскажа Неда од нејзиното искуство. Инаку, Неда и Милан се запознале кога таа имала 18 години, додека тој бил 14 години постар од неа. На Твитер се појави нивна заедничка фотографија од помладите денови, на која се со својата ќерка.


Билбија почина пред шест години, а пејачката во една прилика изјави дека не можела да оди на неговиот погреб бидејќи во тој момент морала да се грижи за нејзините внуци кои биле мали, па останала дома со нив.

Фото:Принтскрин/Пинк тв/Твитер

To top