ОВЕН
Не сте во форма а имате премногу работа. Не сте во можност да одговорите на сите обврски, што може да предизвика целосен пад на енергијата и колапс. Прераспределете ги вашите капацитети и одложете сѐ што може да чека поповолен момент.
БИК
На повидок е паричен прилив кој ќе ја намали тензијата која трае веќе извесно време. Не преземајте нови обврски, туку минете го денот со минимални деловни активности. Во текот на денот можно е да сретнете необична личност со која е можна љубовна авантура.
БЛИЗНАЦИ
Добивате подарок од партнерот. Одлично време е привремено да ги закопате воинсттвените секири и да размислите како да ги решите вашите недоразбирања. Доколку ја пропуштите оваа можност, долго ќе чекате нова. Бидете внимателни на улица, особено во сообраќајот.
РАК
Пред вас е ден во кој ќе се борите меѓу тоа да бидете покорни и по сечија волја и потребата да реагирате бурно, поттикнати од критиките коишто би сакале да им ги упатите на другите. Резултатот од сето тоа е голем замор кој ќе ве обземе во текот на вечерта.
ЛАВ
Ви се враќаат самодовербата и оптимизмот. Имате можност да ги измазнете старите недоразбирања и да ги рестартирате активностите со луѓе коишто ги отстранивте од вашето опкружување пред извесно време. Вашата убедливост може да донесе резултати доколку сте искрени во сѐ.
ДЕВИЦА
Имате потреба да контролирате сè околу вас, а немате механизми да го поддржите тоа. Лошата вест е дека ќе мора да се откажете од некои ваши позиции кои беа доста бескомпромисни. Насочете го вашето внимание кон саканата личност, потребна ѝ е поддршка.
ВАГА
Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Саканата личност не може да го следи хаотичното темпо во коешто западнавте во последно време. Поради недостиг од комуникација, можни се недоразбирања коишто доколку не ги решите навреме, ќе преминат во сериозен конфликт.
ШКОРПИЈА
Вие сте мајстор да се оптоварувате со работа, но прашањето е дали секоја ваша обврска е исплатлива. Поради преголема несигурност, прифаќате на ваша штета сѐ што се бара од вас, наместо да заземете јасен став и со тоа да се ослободите од притисокот.
СТРЕЛЕЦ
Прифаќате работи кои вашите соработници требало да ги завршат. Поради некоја причина, мислевте дека е само ваша должност да се жртвувате. Вниманието насочете го кон љубовниот живот, бидејќи вашата сакана личност може да биде неутешно осамена.
ЈАРЕЦ
Совршено сте координирани, па денот минува без поголеми проблеми. Меѓутоа, задачите ги извршувате рутински, па поради недостиг од концентрација, постои можност да направите превид кој може да предизвика мала штета којашто лично не ви оди во прилог.
ВОДОЛИЈА
На пат сте кон остварување големи планови. Сепак, заборавате дека сите успеси доаѓаат само кога е вистинско време за тоа. За вас оваа седмица не е пресудна, па постапете соодветно. Ако планирате патување, размислете за можноста за одложувања.
РИБИ
Ве очекува важен урок во којшто треба да ја надминете сопствената страст, која е вашата главна одлика што често дејстува против самите вас. Свесни сте за својот потенцијал, но мора да бидете и свесни дека не можете да продолжите да бидете тврдоглави.