Чоколадните колачи и торти спаѓаат во најомилените десерти, а во текот на постот луѓето често мислат дека мора да се откажат од вкусните слатки.
Но, денес постојат разни рецепти со помош на кои можете да направите одлични десерти, а токму таков е и овој мек и посен чоколаден колач прелиен со неодолива глазура.
Потребни состојки:
– 250 гр. маргарин
– 12 лажици шеќер во прав
– 200 мл. кисела вода
– 8 лажици мелени ореви
– 300 гр. брашно
– 1 ќесичка прашок за пециво
– 120 гр. посна чоколада
За глазура:
– 200 гр. посна чоколада
– 80 гр. маргарин
Начин на подготовка:
Изматете го маргаринот кој претходно ќе го оставите да омекне на собна температура, со шеќерот во прав. Потоа постепено додавајте ја киселата вода, постојано матејќи.
Додајте ги исечканите ореви како и брашното кое ќе го помешате со прашокот за пециво, а на крајот додајте ја и ренданата чоколада.
Намастете тава за печење со маргарин, а потоа и набрашнете ја. Ставете ја добиената смеса во тава и печете на 180 степени околу 30 минути.
Истопете го чоколадото и маргаринот во еден сад, па со добиената глазура прелијте го испечениот колач и ставете го во фрижидер да се стегне.
Извор: Точка