Радио Милева срце широко

Драгана Мирковиќ му помогнала на познатиот пејач на почетокот од неговата кариера, а тој тоа никогаш нема да и го заборави

Драгана Мирковиќ му помогнала на познатиот пејач на почетокот од неговата кариера, а тој тоа никогаш нема да и го заборави

Пејачката Драгана Мирковиќ зад себе има успешна кариера која трае веќе неколку децении, а позната е и по тоа што несебично помага на многу свои колеги.

Жељко Самарџиќ не ја крие благодарноста за помошта и поддршката што му ја дала на самиот почеток, пред да стане познат.

Секогаш со задоволство истакнува дека е горд на семејството и публиката, но и на кариерата што ја постигна. Жељко и должи голема благодарност на Драгана Мирковиќ, на која реши да и се заблагодари при заедничкото гостување во емисијата „Магазин ин“.

Имено, тој и се заблагодари за најголемата поддршка на почетокот на кариерата и порача дека никогаш нема да ја заборави.

-Ако некој заслужува, тоа е Драгана. Секогаш напомнувам дека кога почнав во деведесеттите, кога првпат се појавив, имав голема поддршка од мојата драга колешка. Таа љубов и почит остана до ден денес – изјави Жељко во емисијата, а Драгана додаде дека љубовта е обострана.

фото:Инстаграм принтскрин

To top