Радио Милева Честитка за Среќна Нова!

На Ристе Ристески Новата Година не му тргна со лесно: Пејачот санкциониран од полицијата, а казната ќе му потрае (фото)

На Ристе Ристески Новата Година не му тргна со лесно: Пејачот санкциониран од полицијата, а казната ќе му потрае (фото)

На охриѓанецот Ристе Ристески или попознат како единствениот македонски победник во „Ѕвездите на Гранд“, Новата Година не му тргна со лесно.

Веројатно не беше судбина, бидејќи она што му се случи нему, не се случува без причина.

Имено, пејачот ноќта пред дочекот на 2023-та управувал со својот автомобил, бил сопрен од сообраќајната полиција која констатирала дека Ристески треба да биде отстранет од сообраќајот и привремено да му биде одземена возачката дозвола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Riste Risteski (@riste_risteski)

Оваа информација не е шпекулација или празни муабети кои дошле до нас, туку Ристе самиот на социјалните мрежи го објави документот за привремено одземање на возачката.

Во објавата кратко си напиша „фала“, а бидејќи полицијата има примарна функција да воспостави ред, мир, заштита,примена на правила, веруваме дека му направиле услуга која е баш за фала.

Деталите околу овој не така убав почеток на годината за него, не ги сподели, но веројатно откако ќе истече забраната, одговорноста во поглед на прекршокот ќе биде на максимално ниво.

Епа, Среќна Нова!

To top