Кога станува збор за породувањето, едно од важните правила е дека не смеете да пристигнувате со лакирани нокти. Многу луѓе не разбираат зошто се применува ова правило и додека некои мислат дека тоа е сосема во ред, други се на мислење дека лакот за нокти не може да наштети на трудницата или на бебето.
Сепак, се поставува прашањето, која е вистинската причина за ова правило и зошто е забрането да се доаѓа на породување со фарбани нокти?
Вистинската причина лежи исклучиво во здравјето и безбедноста на трудницата. Лакот за време на породувањето е забранет поради една исклучително важна причина – преку бојата на ноктите се гледаат многу работи, од разни промени во телото на мајката, па се до компликации по породувањето, а за лекарите тоа е првиот знак дека со состојбата на жената, всушност, нешто не е во ред.
Промените во ноктите кои може да се забележат при породувањето се важни за лекарите за навреме да ги откријат можните компликации.
Кога ноктите на мајката се безбојни и природно розови, се е во ред. Но, ако има промена во бојата, па тие стануваат бели, жолти или сини – ова укажува на недостаток на кислород во телото, што е многу опасно за време на породувањето.
Токму затоа е важно да не се мачкаат ноктите на родилката за да може навреме да се открие таков проблем кој може да биде пресуден за здравјето на трудницата.
извор:курир.мк