Публиката имаше можност за прв пат да ја види Јана Милосављевиќ во филмот „Зона Замфирова“ во кој таа ја толкуваше улогата на малата Зона. Подоцна глумеше во уште неколку филмови на Здравко Шотра, а големо внимание привлече и со улогата на Ирина во серијата „Жигосани у рекету“. Сепак, она што многумина не го знаат за неа е дека нејзиниот татко е познатиот пејач Ненад Милосављевиќ, фронтменот на групата „Галија“.
-Јана е родена 1990 година, а со оглед на тоа што набрзо потоа ми се распадна бракот со нејзината мајка, до 2000 година имавме малку контакти. Јана студира глума на академијата во Нови Сад. На сите мои деца им држам важна животна лекција, а тоа е дека секој човек мора да има одредена одговорност кон слободата – изјавил Ненад пред неколку години за „Стори“.
Јана е во брак со режисерот Филип Гајиќ, кој е 23 години постар од неа, а минатата година го добија синот Јоаким. И додека ова е прво дете на Јани, на Филип му е четврто затоа што од првиот брак ја има ќерката Наталија, а од вториот брак синот Сергеј и ќерката Анастасија што
Фото:Принтскрин/Мондо