Радио Милева Се' започнало со мали симптоми

32 годишната актерка почина од бактериска сепса, а причината што довела до тоа за могумина е застрашувачка (фото)

32 годишната актерка почина од бактериска сепса, а причината што довела до тоа за могумина е застрашувачка (фото)

Јужноафриканската актерка и модел Чарлби Дин која глумеше во „Триаголник на тагата“, оваа година неочекувано почина во август во Њујорк на 32-годишна возраст, а сега се објавени и деталите од причината за нејзнината смрт.

Според лекарите, смртта на Чарлби Дин била несреќа предизвикана од бактериска сепса и бактерија Капноцитофага. Во изјавата на лекарот се вели дека инфекцијата предизвикала бактериска сепса кај Чарлби Дин.

Братот на Дин, Алекс Џејкобс, разговарал со магазинот „Ролинг Стоун“ по нејзината смрт и рекол дека слезината и била отстранета во 2009 година откако доживеала сообраќајна несреќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlbi Dean (@charlbi143)

„Тие и ја отстранија слезината“, објасни тој. „Веројатно затоа таа не можеше да се справи со ова.

Според Џејкобс, сè започнало со мали симптоми кои објаснуваат: „Ова се случи буквално во рок од еден ден: Чарлби Дин доби главоболка, спиеше, а потоа го разбуди своето момче и рече, те молам однеси ме во болница“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlbi Dean (@charlbi143)

Центрите за контрола и превенција на болести велат дека Капноцитофага е бактерија која живее во устата на кучињата и мачките. Микробите од капноцитофага може да се пренесат на луѓето преку гребнатини, каснувања и друг близок контакт со кучиња или мачки и може да предизвикаат болести како што е сепса.

Сепак, докторот не кажа дали животното ја предизвикало инфекцијата на Чарлби Дин.

Во своето интервју Џејкобс кажа како загубата на неговата сестра го потресе неговото семејство.

„Таа беше исклучително грижлива и сакана, повеќе од кој било што можев да знам“, рече тој. „Секој ден не потсетуваше колку не сака. Секој ден разговараше со мама“.

фото:EPA /Instagram

To top