Живот и Стил

Занимливости за дочекот на Новата година

Занимливости за дочекот на Новата година

Во најлудата ноќ најдолго ќе останат будни Русите, а потоа следуваат Украинците и Аргентинците, а најрано во кревет одат Кинезите и Израелците.

Статистиката вели – секој втор човек еден новогодишен подарок ќе го проследи понатаму. Први на листата на подароци кои луѓето ги проследуваат се чорапи.

Речиси милијарда жители на планетата ќе бидат покрај малите екрани, а на полноќ 61 отсто од луѓето ќе си посакаат среќа. Дека не сме толкави материјалисти, докажува податокот дека 60 отсто од луѓето повеќе сакаат на полноќ да се бакнат со некој посебен, отколку да добијат нов лаптоп.

На младите не им е лесно – секој четврти човек помлад од 25 години во најлудата ноќ се замерува со некого, секој осми ја раскинува врската, а 40 отсто на 1 јануари се будат мамурни од лудување.

Не се знае каде е одржана најлудата новогодишна забава на светот, но најскапата е организирана за дочекот на 2010 година на една јахта. Кормилар бил Роман Абрамович, кој за тоа задоволство потрошил вистинска ситница, 7,6 милиони долари. Се јадело суши и кавијар, се пиело кристал, а во тоа уживале Бон Џови, Џими Чу, Марк Џејкобс.

Најскапата празнична вечера била послужена во Њујорк во Емпајер стејт билдинг, каде на новогодишно мени се наоѓале скапи вина, кавијар, краби, школки, јастог, бифтек со пире од бели тартуфи и крем бруле залиен со најпознати вина. Цената била 21.000 долари.

Многу њујорчани сепак практикуваат бесплатна варијанта, дочек на Тајм Сквер. Гламурот тој ден го оставаат дома.

Поради недостиг на тоалети, многумина во најлудата ноќ ќе носат пелени за возрасни. И водат сметка со возилата, бидејќи според податоците на американската национална компанија, повеќе автомобили се украдени на дочек на Нова година, отколку на кој било друг ден.

Британците се загрижени за своите паричници. Британскиот главен град е еден од најскапите на стариот континент за дочек на Нова година, дури 190 отсто поскап од другите европски градови. А просечен Британец во новогодишната ноќ троши 200 фунти.

Извор: Курир.мк

To top