Радио Милева полна душа и срце

Нејзиното синче во прв план: Еве ја и новогодишната магија во домот на актерката Јелена Јованова (фото)

Нејзиното синче во прв план: Еве ја и новогодишната магија во домот на актерката Јелена Јованова (фото)

Иако немавме прилика да гледаме нова сезона од ситкомот „Преспав“, веруваме дека гледачите не ја заборавиле харизматичната рецепционерка од Јелена од Драчево.

За да не им недостасува на своите фанови, актерката Јелена Јованова знае да сподели некои моменти од своето секојдневие како професионално, така и приватно.

Новогодишно празничниот период допира до секого, за кого повеќе за кого помалку, а кога се има деца во домот, тогаш она првото е неизбежно.

Така е и во приватниот рај на актерката Јелена каде живее заедно со сопругот и синчето.

Актерката и нејзиниот сопруг, актерот Стјепан Периќ во јуни 2020 година добија син, а отогаш уживаат во вниманието, љубовта со наследникот кој веќе е потпораснат и има две ипол години.

Јаков е целиот универзум од фокусот на мама и тато, а бидејќи веќе почнува повеќе да сфаќа и да го осознава своето опкружување, оваа празнична магија е сосема реална во неговите очиња.

астанат пред божиќното дрво, мама го фотографираше за спомен и моментот го објави на својот Инстаграм.

Јованова е од оние познати кои не го откриваат идентитетот на своето дете, па случајот е таков и тука со тоа што досега не сме го виделе лиценцето на малиот наследник на актерската двојка.

Убавите паразнични денови се пред сите нас, а за тоа кој како и со кого ќе ужива во истите, секој си знае за себе, а Јелена, Стјепан и Јаков ќе создадат спомени за уште една година измината со многу детска љубов, згоди, незгоди, смеа и плач што топли душа!

To top