Живот и Стил

Тибетскиот мастиф- рекордно најскапото куче во светот, еве колку чини

Тибетскиот мастиф- рекордно најскапото куче во светот, еве колку чини

Кинез пред извесно време платил два милиони долари за куче од расата златен тибетски мастиф. Во тој миг кучето тежело 90 килограми и било високо 80 сантиметри.

Називот мастиф се користи за сите поголеми раси кучиња. А, ова куче кое всушност е хималајско планинско куче, и потекнува од подрачјето на преселничките народи и култури на Тибет, Кина, Индија, Монголија и Непал. Легендата вели дека тибетскиот мастиф е „божјото куче“.

На Хималаите, овие кучиња, познати и како „до-ќи“, биле користени како чувари на добитокот, но и домовите на нивните сопственици. До средината на 20 век, оваа раса била речиси непозната во Европа, а благодарение на европските одгледувачи, таа всушност и не исчезнала како вид.

Постојат неколку легенди за потеклото на мастифот, а една од нив раскажува дека во Средна Азија пристигнале со Атила – водачот на Хуните. Според друго предание, тибетскиот мастиф е „божјо куче“ бидејќи е претставувано како „преобразба“ на тибетски свештеник во куче.

По спектакуларната продажба за два милиони долари, сѐ повеќе луѓе почнале да ја одгледуваат оваа раса кучиња, но се покажа и дека таа е многу скапа за одржување. Тибетскиот мастиф не е куче за секого, и бидејќи е потребно долго време за тоа да стекне наклонетост кон човек.

извор:курир.мк

To top