Новогодишната прослава треба да биде без никакви оптеретувања и секако забавно собирање.
Доколку прославата за оваа Нова година ќе биде во вашиот дом, голем дел од подготовките се оставени на вас, но во продолжение може да прочитате 7 совети како да подготвите одлична забава без многу губење на време.
1.БАЛОНИ
Неизоставен дел од секоја забава се балоните. Па така и новогодишната прослава без балони полни со хелуим не би била полн погодок.
2.СИЈАЛИЧКИ
Нив ги сакаме секоја година, секој месец, секој ден. Едноставно тие создаваат посебна атмосфера. За забавата употребете ги на поинаков начин. Купете сијалички на батерии, ставете ги во шише или вазна и ќе добиете прекрасна декорација.
3.ДРУШТВЕНИ ИГРИ
Обезбедете за гостите друштвени игри со кои ќе се забавуваат цела вечер. Изработете своја, напишете на картички предизвици кои гостите мора да ги исполнат. На пример некој да носи црвена облека.
4.ДИСКО ТОПКА
Ако просторијата е премала за цела диско топка, наместо неа купете пластични топки и со пиштол за лепак залепете парчиња стакло по нив. закачете ги сите на едно јаже и декорирајте го просторот.
5.АНАНАС КАКО УКРАС
Ананасот е симбол за гостопримство. Ако не успеете да ја купите популарната „rose gold“ фигура од ананас, купете вистински и испрскајте го со златен спреј.
6.ПЕРСОНАЛИЗИРАНИ ЧАШИ
Се уште имате време да направите персонализирана чаша за секој гостин. Не само што секој ќе знае која е неговата чаша, туку гостите ќе имаат прекрасен спомен од Новата година кој ќе може да го однесат дома.
7.СВЕЌИ
Освен со сијалички, украсете го станот со свеќи. Може да ги ставете со метални кантички или чинии кои ќе ги декорирате со светки.
извор:курир.мк