Името на славната Моника Белучи отсекогаш било синоним за убавина. Таа со причина важи за најубавата жена на светот, а освен совршените црти на лицето, ја краси и неверојатно тело со кое ја освои филмската сцена. Моника неколку пати се соблече гола, за потребите на филмот, а нејзиното голо тело го привлече вниманието и на познатиот италијански фотограф Џан Паоло Барбиери, кој ја фотографираше во 2000 година, за кампањата на брендот Dolce & Gabbana чиј заштитно лице е таа.
Познатиот фотограф одржа изложба во галерија во Милано посветена на неговото животно дело, а на неа беа прикажани фотографии од најубавите жени на светот, меѓу кои и италијанска актерка која со причина привлече најголемо внимание.
View this post on Instagram
Фотографијата на која Моника лежи гола во вода освои најмногу лајкови, а покрај таа фотографија имаше и една на која Белучи позира без градник со широка насмевка на лицето.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Моника Белучи/Профимедиа