Во последно време, маслото од арган стана многу популарно во западните земји, а причината е едноставна – се откри неговата исклучителност и скапоценост.
Интересен факт е дека арганското дрво е прогласено за Светско наследство на УНЕСКО, кое само дополнително ја потврдува неговата вредност. Само еден литар масло бара 100 кг плодови и затоа не треба да се изненадувате од високата цена во споредба со некои други основни масла. Витаминот Е е најважната состојка затоа што од него потикнува антиоксидантното својство на маслото, кое е многу важно за нега на кожата, а исто и во исхраната. Исто така, содржи каротен, кој е од суштинско значење за заштита од сончевите зраци, така што маслото од арган игра важна улога и како препарат за сончање.
За стилизирање на косата
Ако треба набрзина да ја стилизирате косата, масло од арган е одлично решение! Содржи бројни лековити состојки, затоа е одличен и за заштита на косата од топлина. Ставете неколку капки масло на дланките и протријте ги прстите преку сува коса. Овој третман трба да го правите секогаш пред фенирање на косата и таа ќе биде исклучително хидрирана.
Маска за коса
Ако сакате најдобар и најефикасен ефект, ставањето масло како маска е најдобриот избор. Пред спиење ставете ја оваа маска и ќе се разбудите наутро со совршено сјајна и мазна коса. Препорачуваме да ја нанесувате низ целата коса (колку повеќе нанесувате, толку е подобар ефектот), потоа врзете ја косата во пунџа и ставете крпа на перницата. Вашата коса ќе изгледа сензационална, проверено!
Каде да се купи
Ова масло можете да го купите во продавниците за здрава храна или да го порачате од разни страници.
Извор: Курир.мк