Додека Хари и Меган откриваат шокантни нови детали во нивниот документарец, Вилијам и Кејт се зафатени со подготовките за претстојните празници.
Галантно избегнаа да ја коментираат „забеганата“ двојка, веројатно сметајќи дека е непримерна во сезона која треба да биде празнична.
Принцезата од Велс најави божиќен специјал, „Кралски песни: Заедно на Божиќ“, кој започнува со традиционален концерт (можеби ќе ја видиме повторно на пијано?), за 15 декември во Вестминстерската опатија.
Во црвен фустан со блескави детали, згодната Кејт и се обрати на нацијата во промотивно видео во празничен дух.
Годинава божиќната служба ќе биде посветена на неодамна починатата кралица Елизабета, нејзиниот живот, емпатија, вера, посветеност, грижа за другите, сè по што светот ја памети.
Покрај кнежевската двојка, во опатијата ќе се појават и кралот Чарлс со сопругата Камила, други членови на семејството, волонтери, хуманитарци, медицински работници, војници, оние кои постојано се на првата линија на фронтот, се вели во соопштението од Бакингемската палата.
фото: Кралската фондација на принцот и принцезата од Велс