Живот и Стил

Важни совети за родителите: Наизглед мали, но големи работи што мора да им ги кажете на вашите деца

Важни совети за родителите: Наизглед мали, но големи работи што мора да им ги кажете на вашите деца

Кога зборуваме за работите што треба да ги научиме децата, понекогаш забораваме на мали гестови, манири, постапки кои можат да направат голема разлика, анализира веб страницата „Зелена училница“.

Ова се некои од тие гестови. Оние кои штом ќе им го привлечете вниманието на децата, обично остануваат врежани до крајот на животот.

Никогаш не се ракувајте додека седите. Секогаш станете. Така се покажува почит.

Во преговорите немојте први да дадете понуда. Погрижете се другата страна да го стори тоа.

Кога некој ќе ви довери тајна, чувајте ја. Секогаш.

Внимателно бирајте ги вашите херои и примери. Поставете високи стандарди.

Секогаш враќајте го позајмениот автомобил со полн резервоар.

Кога ќе одлучите да танцувате (буквално или фигуративно), танцувајте со страст. Или воопшто не играјте.

Кога се ракувате, гледајте во очи. И раката не се штеди. Мек стисок и полна дланка.

Ако ви треба музика на плажа, сте ја промашиле суштината.

Кога ќе стапите во брак, не добивате само маж/жена. Добивате цело семејство.

Бидете како патка. Мирни на површината, но веслајте со сета сила одвнатре.

Не пропуштајте да го доживеете задоволството да патувате без друштво.

Никогаш не плашете се да и пријдете на најубавата девојка/момче на забавата.

Ако некогаш добиете шанса, своите говори пишувајте ги сами.

Биди она дете кое ќе му пријде на новиот пријател во одделение на одмор.

Кога ќе напишете лут мејл, прочитајте го повторно. Внимателно. Потоа избришете го.

Замоли ја мајка ти да си игра. Таа нема да ти дозволи да победиш.

Дајте им признание на другите кога тоа го заслужуваат. Прифатете ја одговорноста за грешката, кога таа е ваша.

Спротивставете им се на насилниците.

Вие  избирајте ги вашите соништа.

Бидете самоуверени и скромни. Во исто време.

Запомнете, благословени сте кога сте некому благослов.

извор:МИА

To top