Познатата американска пејачка Шер (76) на својот Твитер профил објави дека нејзината мајка Џорџија Холт починала на 97-годишна возраст.
– Мама ја нема – напишала накратко Шер со емотикон кој илустрира тага, а во коментарите постојано пристигнуваат пораки за сочувство и утеха.
Mom is gone😔
— Cher (@cher) December 11, 2022
„Многу ми е жал. Никогаш не сме подготвени за загуба на мајка, кога и да дојде“, „Шер, многу ми е жал за твојата загуба“, „Времето не ги лекува раните, само нè учи да живееме со нив“, се само дел од коментарите под тажната објава на музичката дива.
Mom Playing Around …..
Notice 🕶 & Jacket…. pic.twitter.com/b4YyVMSTDx— Cher (@cher) December 11, 2018
Џорџија, исто како и нејзината ќерка, беше музичар. Таа е родена во 1926 година, а работела и како модел и актерка.
Шер и нејзината мајка имаа хармоничен однос, а иако имаше повеќе од 90 години, Џорџија изгледаше многу помладо, а не е чудно што пејачката го наследи својот младешки изглед, а изгледа одлично и во осмата деценија.
фото:EPA-EFE/DARREN PATEMAN