Живот и Стил

Овие шест лоши навики во исхраната ја зголемуваат анксиозноста

Овие шест лоши навики во исхраната ја зголемуваат анксиозноста

Причините што доведуваат до анксиозност не се единствени, туку комбинираното влијание на генетските и еколошките фактори.

Најчесто тоа е некаква траума, стрес или едноставно некој е таков тип на личност.

Сепак, она што многумина не го знаат е дека исхраната може да влијае на интензитетот на анксиозноста, односно одредени навики може да ја влошат.

Нутриционистката Наташа Ѓукиќ откри на што дополнително треба да се внимава:

„Анксиозното растројство може да биде последица на интензивен стрес, но и реакција на долгорочно акумулирање на помалку интензивен стрес. Главните симптоми на анксиозното растројство се страв и прекумерна загриженост, проследени со немир, напнатост, напади на паника, тешкотии со концентрирање, чувство на вина, слаб квалитет на спиење, чувство на слабост и замор, како и мускулна напнатост, главоболки, болка во градите и многу повеќе“.

Ова се навиките во исхраната кои треба да ги избегнувате:

-прескокнување на појадокот

-консумирање премногу шеќер

-премногу кофеин

-нередовни оброци

-опсесивно броење калории

-консумација на алкохол

Извор:Курир.мк

To top