Македонија е непресушен извор на теленти, а тоа досега многупати се покажа со нашите кандидати кои учествуваат во регионалните музички шоуа. Еден од многуте такви примери е и струмичанката Ангела Котуровиќ која се претстави во актуелната сезона на „Ѕвездите на Гранд“.
Меѓу натпреварувачите од 6-тата емисија се претстави и Ангела со песните „Бато“ од Калиопи и „1003“ од Тамара Тодевска. Она што беше фантастично за нашата Македонка е тоа што таа ги освои сите гласови од жирито што е реткост.
Оваа нова сезона од „Ѕвездите на Гранд“ која се уште нема македонска ТВ фреквенција каде се прикажува, има доста квалитетни македонски натпреварувачи кои се гордост за македонските гледачи кои шоуто го гледаат преку интернет или на останатитерегионални телевизии.
За време на изведбата на песната „Бато“ на Калиопи, водителот Воја Недељковиќ имаше необична ситуација зад сцената со која не знаеше како да се справи.
Имено, синчето и сопругот на натпреварувачката беа зад сцената да и дадат поддршка, а поради гласната музика или непознатото опкружување, бебето почна да плаче.
– Не плачи, мама има четири гласа – Воја се обиде да го смири бебето и продолжи:
– Ќе биде добро, кукле. Нема да ѝ кажат ништо лошо!
По втората песна „1003“, Ангела ги доби сите осум гласови на стручниот тим на најгледаното музичко натпреварување.
– Браво, кукла – извика речиси едногласно жирито, а Саша Поповиќ веднаш го вклучи видео бимот од бекстејџ.
– Уф – извика вознемирено жирито кога го видоа бебето.
– Дали плачеш од среќа? Види која среќа имаш, осум гласа. Дали и тато плаче малку од среќа? Него можам да го држам ако плаче, но не можам тебе да те држам – му рекол Воја на сопругот на натпреварувачката, што ги насмеа сите.
-Беше добра, имаш потенцијал. Добро е, ќе работиме и ќе имаме добар пат – ѝ кажа Марија Шерифовиќ на Ангела која се надеваме дека со ваков потенцијал ќе ја гледаме до финале.
Настапот на Ангела Котуровиќ можете да го погледнете од видеото на 54:00
фото:Јутјуб принтскрин