Мегафон

Николче Мицевски со солистички концерт ќе го промовира албумот „New Era“ во Центарот за култура во Битола

Николче Мицевски со солистички концерт ќе го промовира албумот „New Era“ во Центарот за култура во Битола

Никола Николче Мицевски, извонредниот музичар, композитор, аранжер, човек кој моќно стои зад клавијатурите и аранжманите на многу песни за најпознатите македонски музички ѕвезди на нивните концерти и е дел од музичките записи на истите, на 9-ти декември, (петок ) со почеток во 20.00 часот на сцената од Големата сала на Центарот за култура во Битола, заедно со 15 врвни музичари, инаку негови соработници ќе го одржи својот солистички концерт на кој ќе го промовира албумот „New Era“.

Проектот “New Era” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти.
Се работи за едно извонредно музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика, налик на она што во светот претходно го работеле музички уметници како еден Вангелис или Јани.

Влезниците за концертот се пуштени во продажба за кој  Мицевски ветува дека оние што ќе дојдат, ќе го паметат долго. Цена на билетот е 300 денари а достапни се на билетарницата во ЦК Битола и онлајн на avalon.mk , како и ширум продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија.

По концертот во Битола, на старт на новата 2023 година, Мицевски најавува дека  ќе одржи и голем концерт во Скопје, на сцената на МОБ.

To top