Стружанецот Славчо Крежески ќе ја освојува балканската музичка сцена со својата најнова балада на српски јазик насловена „Јачи од себе“ за која сними и спот.
Музиката, текстот и аранжманот за темата „Јачи од себе“, се дело на Коста Ранѓеловиќ, додека екранизацијата ја направи продукцијата Дигитал Вертиго во режија на Андреас.
Покрај пејачот, своја улога во видеото имаат и актерите Стефан Кресовиќ и Кристина Недовиќ.
Крежески има 26 години и со музика се занимава уште од најмала возраст. Од својата седма година свири клавир и тој инструмент му е најдраг, но одлично свири и гитара, како и саксофон. Желбата за музика доаѓа од неговиот татко кој е докажан гитарист.
Песната „Јачи од себе“ заедно со видеозаписот е објавена на каналот на реномираната српска музичка продукција Инфинити продакшн.