Веста дека Сани Гроздановска ќе биде по трет пат невеста, неодамна одекна на социјалните мрежи и во медиумите… За некого како бомба, за други пак како петарда, зашто не им се веруваше дека по два брачни бродолома пејачката одново ќе се качи на брачниот брод за по трт пат да заплови во брачните води. Но набргу потоа фолкерката потврди дека оди на “треќа – среќа“, откако доби веренички прстен и македонската пејачка по трет пат кажа – ДА!
„Откако ќе се изгориш на млекото, ќе дуваш и на јогурт“ – вели една наша стара поговорка, па фолкерката поучена од сопственото брачно искуство во минатото, реши овој пат ништо да не препушта на случајот. Сани во старт тргна да ги стави работите „под свое“ навестувајќи ги правилата на брачната игра, на оној кој решил со неа да ја игра.
За да нема случајно забуни и недоразбирања од типот: Ама јас не сум знаел, не мислев дека ќе биде вака“, пејачката решила уште на почеток јасно и гласно, ама и јавно да (му) каже што ќе му се случи на идниот сопруг ако „не е умен“ и ја нервира.
Закана пред свадба или само предупредување, чисто онака за после да не биде дека не кажала, пејачката сподели „предупредувачка порака“ на своите Инстаграм приказни, каде напиша:
„Како се заканува пејачка на сопругот? не ме нервирај, има само на Јујуб да ме гледаш“!!!
Ова божем кажано на шега, ќе рече некој, арно ама, во нејзината шега како во секоја друга има не половина, не една, туку има дури две вистини… Зашто досега двајца бивши ја гледаат само на Јутјуб… Затоа, третиот нека му ја мисли!
Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja