Радио Милева Среќата кратко траеше

Љубовните јадови на султанија Нурбану: Турската актерка се разведе по само 44 дена брак (фото)

Љубовните јадови на султанија Нурбану: Турската актерка се разведе по само 44 дена брак (фото)

Турската актерка Мерве Болугур, која ја запознавме во хит серијата „Сулејман Величествениот“ како султанија Нурбана, сопругата на султанот Селим Втори, повторно е во центарот на случувањата на Босфорот. Имено, таа успеала да се разведе по само 44 дена брак.

Една од најубавите турски актерки на почетокот на октомври му го кажа судбоносното „да“ на диџеј Мерт Ајдин, но среќата кратко траеше. Случајот за развод исто така траел кратко, се завршило во рок од пет минути, пренесуваат тамошните медиуми.

„Не успеавме… Таков е животот. На Мерт му посакувам среќен роденден, и ти благодарам за сите убави денови“, напиша таа на Инстаграм.


Мерве на суд дошла со својот татко, па ги замолила новинарите кои ја окупирале во исто време да не и поставуваат непријатни прашања пред него. Мерт само накратко потврди дека не можат да најдат заеднички јазик и се заблагодари на поранешната сопруга за се’.

фото:Инстаграм/Промо Hello.rs

To top