Македонската музичка сцена неодамна остана посиромашна за уште едно големо име, откако нѐ напушти Невена Кочовска.
Пејачката на легендарната македонска група „Мањифико“, позната по нејзиниот моќен, а истовремено нежен глас, беше заштитен знак на овој интернационален бенд кој постигна огромен успех во меѓународни рамки.
Меѓу видните ветски личности пред кои свиреа и пееја, беа и Јосип Броз-Тито и поранешниот мексикански претседател Лопез Матео. Имаа тсвирено на преку 3.000 концерти во повеќе од 30 земји во светот.
Невена и Панче Кочовски се и родители на познатите македонски песестри- пејачки, Тања и на Лидија Кочовски. Нивните ќерки секогаш со гордост зборуваат за родителите. Прекарот на Лидија на Инстаграм е токму Лидија Мањифико.
Естрадниот магазин „Бекстејџ“ одавајќи и почит на оваа македонска естрадна примадона, која воедно беше и професор по пеење, ја покани нејзината помала ќерка Лидија која зборуваше за Невена, но и го искажа сиот свој револт кон државата Македонија, бидејќи никој од Министерството за култура не и одаде почит на нејзината мајка и не се појавил на нејзиното последно испраќање.
Целесното интервју на Лидија Кочовска за „Бекстејџ“ погледнете го во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):