Живот и Стил

„Животот на секој човек ќе заврши исто“ – од мудрите мисли на Ернест Хемингвеј може многу да научиме

„Животот на секој човек ќе заврши исто“ – од мудрите мисли на Ернест Хемингвеј може многу да научиме

Американскиот нобеловец и добитник на Пулицеровата награда, Ернест Хемингвеј, е човек кој бил преполн со животно искуство. Славниот писател и новинар бил еден од највлијателните на своето време, а таа титула ја носи и до ден денес.

Вака говорел Хемингвеј за животот:

„Не постои поверен пријател од книгата.“

„Среќата кај интелигентните луѓе е најретката работа која ја знам.“

„Сакам да спијам. Мојот живот има тенденција да се распадне кога сум буден, знаете?“

„Секогаш направи го трезен она што си го рекол дека ќе го направиш пијан. Тоа ќе те научи да го држиш јазикот зад забите.“

„Најдобриот начин да откриеш дали можеш да веруваш некому е да му веруваш.“

„Сѐ што треба да направиш е да напишеш една вистинска реченица. Напиши ја највистинската реченица која ја знаеш.“

„Јас пијам за другите луѓе да ми бидат интересни.“

„Кога луѓето зборуваат, слушај во целост. Повеќето луѓе никогаш не слушаат.“

„Животот на секој човек ќе заврши исто. Постојат само детали за тоа како живеел и како умрел кои го разликуваат од другите.“

„Мачката има целосна емоционална искреност. Луѓето, од една или друга причина, можат да ги сокријат своите чувства, но мачката не може.“

„Мојата цел е да ставам на хартија сѐ што гледам или доживувам, на најдобар и наједноставен начин.“

„За да можеш да пишуваш за животот, прво мора да го живееш.“

„Никогаш не оди на патување со некој кој не го сакаш.“

„На човекот му требаат околу 2 години за да научи да зборува и околу 50 години за да научи да слуша.“

„Светот ги крши сите, но во крајна линија излегува дека некои се појаки на скршените места.“

„Не постои ништо што може да се спореди со пишувањето. Сѐ што правиш е тоа што седиш на машината за пишување и крвавиш.“

„Сите добри книги имаат една заедничка работа: пореални се дури и од тоа ако навистина се случиле во реалноста.“

„Кога луѓето се сложуваат со мене, секогаш имам чувство дека некаде сум погрешил.“

„Никогаш немој да мислиш дека војната, колку и да ни е потребна, колку и да е оправдана, не е злочин.“

„Младоста ја имаме за да правиме глупости, а староста за да се жалиме на тие глупости.“

„Можат да нè понижуваат, но не можат да нè понижат.“

„За моралот знам само дека морално е она по кое се чувствувате добро, а неморално е она по кое се чувствувате лошо.“

„Човекот не е создаден за пораз. Човекот може да биде уништен, но не и поразен.“

„Единствената работа која може да го расипе денот се луѓето. Луѓето отсекогаш биле ограничени во среќата, освен оној мал број од нив кои се добри како и самата пролет.“

„Храброста е грациозност под притисок.“

To top