Радио Милева Мислеле дека е терорист

Гога Секлулиќ уапесна на аеродром во Германија

Гога Секлулиќ уапесна на аеродром во Германија

Гога Секулиќ направила голем проблем на аеродромот во Хамбург. Пејачката била приведена минатата недела под сомнение дека се обидела да прошверцува бомба.

Кога поминала низ царинска контрола и го предала багажот, на мониторот се појавила слика за која мислеле дека е експлозивна направа. Системот почнал да свири и настанал хаос. Полицијата веднаш реагирала. Ја опколиле Гога и ги избркале останатите патници. Со оглед на тоа дека имало и Срби, слушнале кога службеникот рекол дека се сомневаат во експлозивна направа, некој извикал „бомба“. Патниците кои биле на летот почнале да бегаат, а Секулиќ се обидела да им објасни за што се работи. Иако ги смирувала полицајците, тие не сакале да ја слушаат, туку ја спровеле во посебна просторија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goga Sekulić (@sekulicgoga)

Сите чанти и биле детално прегледани, а пејачката им покажувала фотографии на кои имала метален украс. Но, полициските службеници морале да ја следат процедурата и кога го отпакувале, штандот го испратиле на проверка. Секулиќ била во паника најмногу поради луѓето кои избезумено гледале во неа. Поради неа летот беше одложен, а речиси откажан.

– Од каде ја добивте таа информација? Кој ти го кажа тоа? Тоа не е вистина – изјавила пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goga Sekulić (@sekulicgoga)

– Не сакам јавно да ме претставувате како терорист! Тоа е недоразбирање. Не сакам да ширам збор за нешто на кое не треба да му се дава значење. Зафатена сум со обврски околу новата песна со Маус Маки „Evil Copy“. Работам многу и немам време да се занимавам со такви работи. Тоа е вообичаена процедура која често се случува, нема потреба да се пишува за тоа – објаснила таа за српските медиуми.

Инаку, Гога беше уапсена и во 2015 година поради слична ситуација, но на аеродромот во Хрватска.

фото:Инстаграм/ Гога Секлуќ

To top