Живот и Стил

Не е доцна да ја збогатите зимницата: Направете си пиперки на начин кој ќе му се допадне на целото семејство

Не е доцна да ја збогатите зимницата: Направете си пиперки на начин кој ќе му се допадне на целото семејство

Сигурно веќе си подготвивте ајвар, лутеница и туршија за зимница. Но, не е доцна да си се обезбедите со уште нешто.

Ќе уживате во најубавиот вкус на печени пиперки.

СОСТОЈКИ

-5 килограми пиперки
-5 лажици шеќер
-1 лажица морска сол
-1 главица лук
-100 милилитри масло
-листови од целер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

Пиперките испечете ги, излупете ги и исчистете ги од семки. Потоа исецкајте ги крупно и оставете да се цедат во цедилка најмалку еден час или преку ноќ.

Во длабок сад ставете го маслото, додајте ги пиперките и сол. Ставете да се пече околу еден час, а пред крај додајте го оцетот, целерот и крупно сечканиот лук.

Соберете ги во стерилизирани тегли и добро затворете со капаци.

Теглите ставете ги во рерна на 90 степени 90 минути.

Исклучете ја рерната и оставете да стојат до следниот ден.

Извор:Курир

To top