Потребни состојки:
12 мали тиквички
140 грама доматно пире
1 лажичка сол (или по вкус)
1 лажичка мелен црн бибер
1,5 литри вода
270 грама ориз
1 домат
1 главица кромид
15 грама ситно сечкан магдонос
65 грама пињоли
10 грама нане
1 лажица путер
1 лажица маслиново масло
Начин на подготовка:
1. Измијте ги и исушете ги тиквичките. Исечете ги краевите со нож и издлабете ја секоја тиквичка.
2. Печете ги пињолите додека не добијат златно-кафеава боја.
3. Во поголем сад додајте ги оризот, сечканите домати, кромидот, магдоносот, нането, пињолите, солта и биберот. Добро измешајте и наполнете ги тиквичките со филот. Не притискајте цврсто за оризот да се свари рамномерно. Оставете околу 1,5 см празнина за смесата да се распредели рамномерно.
4. Растворете го доматното пире во вода, додадете сол и бибер. Полнетите тиквички ставете ги во поголемо тенџере и прелијте ги со смесата од вода и доматно пире. Варете на тивок оган околу 35-40 минути. Послужете ги тиквичките додека се топли. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот предлог за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за домати полнети со мелено месо и кашкавал.
Извор: punkufer.dnevnik.hr/кафепауза.мк