Најновиот музички материјал што го нудат момчињата од „Универзал бенд“ се огледа во авторска песна чиј наслов е „Љубов или навика?”
Музиката и аранжманот се на Амет Амети, за текстот се погрижил кичевчанецот Јасмин Хусовски.
Видео записот е снимен во соработка со ИН продукција во непосредна близина на Велес, на доста интересни и впечатливи локации.
„Снимавме во близина на Велес, на неколку локации во неговата околина. Бевме на едно место што е всушност каменолом. Исто така бевме да снимаме на една убава локација над градот, од каде се гледа цел Велес“– вели Алмир.
Членовите на „Универзал бенд“ истакнуваат дека се задоволни од реализираниот материјал, но сепак очекуваат крајната оценка за сработеното да ја даде публиката.
Единственото нешто што не го открија е името и идентитетот на русокосата убавица која ја има главната улога во видеото, кое можете да го погледнете во продолжение.