Овој чудесен прав содржи голема количина на флавоноиди, кои ги зајакнуваат когнитивните способности и го штитат менталното здравје, како и магнезиум кој ве штити од депресија. Еве зошто треба да направите палачинки од какао со карамела
Состојки:
350 мл млеко
три поголеми јајца
50 гр путер
две лажички ванила
50 гр шеќер
прстофат сол
100 гр брашно
40 гр какао во прав
карамел сос, кикирики
Подготовка:
Млекото, јајцата, растопениот путер, ванилата, шеќерот и солта се матат со миксер. Потоа се додава просеаното брашно и какао, сè убаво измешајте, па оставете да отстои половина час.
Потоа во тава со малку загреано масло пропржете ги палачинките од добиената смеса да поруменат од двете страни. Сервирајте на чинија, прелијте со сосот од карамела и додадете сечкани кикирики.
Пријатно јадење!
извор:курир.мк