Радио Милева многумина се изненадија

Беше маж, а сега е убавица со прекар „Кралица“ – за прв пат во „Ѕвездите на Гранд“ настапи трансродова личност (фото)

Беше маж, а сега е убавица со прекар „Кралица“ – за прв пат во „Ѕвездите на Гранд“ настапи трансродова личност (фото)

Во „Ѕвездите на Гранд“ вечерва за прв пат настапи Алино Јухарт од Словенија.

Откако водителката го најави, многумина се изненадија кога на сцената излезе дама во црн фустан и ги отпеа песните „Паметна и луда“ од Марија Шерифовиќ, како и „Лажу те“ од Амадеус бенд.

Стана јасно дека се работи за трансродова личност, а Алино рече дека сака да го викаат Алина и дека е пејачка. Со насмевка на лицето, Алина рече дека и е драго што е на оваа сцена, и дека е таму да ги охрабри „сите жени и сите оние кои се различни“.

„Мислам дека Србија и целиот регион едноставно треба да се запознаат со жена како мене. Јас сум само нормален човек кој сака да сака и да биде сакан и да биде среќен како и сите други. Сакам да го инспирирам секој човек да го живее својот живот и својата животна вистина“, изјави Алина.

Нејзиниот емотивен говор секако ќе остане запаметен, а таа гордо додаде дека нејзиниот прекар е „Кралица“.

Фото:Принтскрин/Тв Пинк

To top