Живот и Стил

Дланките ви даваат предупредувачки знаци: Што значи ако ви се тресат рацете, ви се кршат ноктите или менуваат боја?

Дланките ви даваат предупредувачки знаци: Што значи ако ви се тресат рацете, ви се кршат ноктите или менуваат боја?

Некои знаци, телото сака да ни ги испрати кога со него има некаков проблем. Некои промени на самото тело не треба да се занeмaруваат, додека пак некои од нив не укажуваат на ништо сериозно.

На што укажуваат тресењето на рацете, белите дамки или пак слабите нокти?

Тресење на рацете

Доколку рацете неконтролирао ви се тресат, за почеток не треба да паничите затоа што може да станува збор за премногу кофеин или пак премалку сон. Некои лекови, како оние за астма и против депресија можат да ја предизвикаат оваа појава.

Меѓутоа, доколку рацете пречесто ви се тресат време е да го посетите докторот затоа што може да станува збор дури и за Паркинсонова болест.

Нокти кои се лесно кршливи

Доколку ви изгледа дека ноктите ви се слаби и кршливи тогаш можеби ви недостасува цинк. Тој помага во обновување и растење на ноктите. Доколку тоа е причината тогаш треба да го додадете во прехраната.

 

Бели дамки на ноктите

Оваа појава главно се поврзува со лоши навики во исхраната, поточно со недостаток на цинк, калциум, железо во организмот. Проблемот може да се реши со суплементи и консумирање намирници кои ги содржат потребните витамини и минерали.

Сина боја на ноктите

Доколку ноктите ви преминуваат во сина боја тоа значи дека не добиваат доволно кислород. Причината може да биде болест со дишните патишта или Рајнаудов синдром, периферна артериска болест.

До оваа појава може да доведе и слабата циркулација, а особено кога температурите се ниски. Сепак доколку вашите нокти постојано се сини тогаш треба да побарате помош од доктор.

Тенки, меки нокти кои лесно се превиткуваат

Ваков изглед на ноктите може да биде предизвикан од недостаток на калциум или пак протеини. Трудете се во исхраната да внесувате доволно млечни производи како и сардина и спанаќ. Доколку и тоа не ви помогне тогаш е време да посетите доктор.

To top