Пејачката Тамара Тодевска периодов е во фокусот на јавноста и медиумите поради разделбата со сопругот по седум години брак.
Таа сака да ја зачува приватноста околу ова прашање поради децата, па затоа реши да ги сопоре шпекулациите и да потврди дека навистина се разделуваат со сопругот Александар.
-Да, точно е дека се разделуваме, но апсолутно дека ќе одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв ниту последен случај. Тоа што за мене искрено е многу важно, тоа се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на децата, кои сакам да останат на страна од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, вели Тодевска за „Убавина и здравје“.
За повеќето јавни личности кога им се слчува нешто големо на приватен план, а не сакаат за истото да коментираат, гледаат да се тргнат и од социјалните мрежи, но не и Тамара која е позната по својот темпераментен дух по природа, за што потврдува и ова нејзина објава и мисла во која се пронајде.
„Јас сум ти нешто помеѓу емотивец и будала. Ме убива она што другите не би го ни забележале, а очајува она после што секој човек би бил луд“ – „многу вистинито“, коментира Тамара за оваа мисла.
И кога љубопитните очекуваат да разберат детаљ повеќе, Тамара и за тоа си најде статус кој одговара на нејзината ситуација и емотивна состојба кој вели:
„Имам нешто да кажам, но ќе почекаме да немам“ – вели таа надополнувајќи се на тоа дека токму во моментот кога навидум не се случува ништо го има ова:
„Зад секој мир сто ѓаволи се кријат“
Вака или онака, директно или индиректно кажано, Тамара Тодевска се труди да допре до парче позитивна енергија и вибрации, а тоа секако и го овозможуваат децата, но и малиот крзнен миленик.
Прегратката со малото бело бушаво кученце, Тамара вели дека трае цел ден – од гушкање, на вежбње и дружба која и годи за срце и душа.
А за за нешто повеќе остануваме на …
фото:Инстаграм принтскрин/Тамара Тодевска