Вистаграм

Дизајнерка на Луј Витон живее во пештера, а еве како успеала да го изгради домот кој изгледа потполно нереално

Дизајнерка на Луј Витон живее во пештера, а еве како успеала да го изгради домот кој изгледа потполно нереално

ознатата дизајнерка на накит и часовници на култниот бренд Луј Витон, Франческа Амфитеатроф, живее живот кој наголемо се разликува од останатите.

Имено, таа одбрала своето слободно време да го поминува во пештера – нејзиниот необичен дом се наоѓа на ретко населениот мал остров Вентотене во Тиренското море, во карпа која е стара повеќе од 11.000 години.

Целата пештера е бела и има природен отвор со стакло низ кој влегува сончевата светлина. Особено се истакнува кружната дневна соба и каминот. Отворената кујна во центарот на пештерата формира потковица, а работната површина е во боја на цемент, иста како и целиот под.

Исто така има и бања, три мали спални соби како и простран двор.

Дизајнерката нагласува дека не сакала да додава многу детали бидејќи просторот сам по себе е прекрасен.

„Не го декорирав премногу бидејќи ништо не му треба“, вели Франческа за „Financial Times“.

Нејзината мајка е Италијанка, па секое лето дизајнерката го поминувала на Вентотене – затоа сакала да им се врати на корените. За управување со проектот, Франческа ангажирала и архитекти од родната земја.

Тимот првите 2 години работел на инсталација на повеќе челични H-греди, челични шипки и структурни мрежи.

„Ја избушивме карпата како сирење и направивме структура за поддршка. Вграден е и најсовремен систем за греење и ладење. Природната дупка стана светларник, со електронски прозорски панели и ролетни за затемнување“, објаснува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by How To Spend It (@fthtsi)

Својата куќа од соништата ја градела додека живеела во Њујорк, а потоа и Конектикат, а со сите проекти управувала преку „WhatsApp“. Бидејќи се соочила со огромни потешкотии со пренесувањето на градежниот материјал на островот, дизајнерката во еден момент помислила дека нејзината идеја е преамбициозна и дека нема да може да ја спроведе до крај.

Меѓутоа, таа ја следела својата замисла и не се откажала – ја добила куќата од соништата и за себе гордо вели дека е „пештерска жена“.

извор:точка.ком.мк

To top