Живот и Стил

Спречува депресија и го подобрува расположението, а не чини ништо

Спречува депресија и го подобрува расположението, а не чини ништо

Набљудувањето птици го подобрува менталното здравје, покажало неодамнешното истражување.

Оваа активност добро влијае на расположението и кај лицата на кои им е клинички докажана депресија. Најновото откритие ја надополнува теоријата за тоа како приближувањето до природата, истражувањето на руралните подрачја, но и било каква интеракција со животните може да спречи депресија кај луѓето.

„За првпат докажавме директна врска помеѓу гледањето или слушањето птици и позитивното расположение. Се надеваме дека ова ќе ја истакне важноста на заштитата на природата и обезбедувањето соодветно опкружување за птиците“, вели научникот Рајан Хамуд од Кралскиот колеџ во Лондон.

Учесниците во истражувањето редовно пополнувале прашалници за своето расположение, користејќи апликација за паметни телефони. Оние кои можеле да гледаат или слушаат птици во тоа време или во последните неколку часа имале оцени кои сугерираат дека биле дури 70 отсто посреќни од останатите.

Подобрување на расположението било забележано дури и кај лица со клиничка дијагноза на длабока депресија.

Д-р Хамуд истакнал дека сега, секојдневните средби со птиците се поврзуваат со долготрајно подобрување на менталното здравје и доброто расположение.

извор:точка.ком.мк

To top