Заборавете на минатогодишните модели со ниски, т.н. китен-потпетици, зашто оваа сезона доаѓаат сандали со тотално неочекуван дизајн.
Водени од желбата да обмислат што повпечатлива креација, светските дизајнери на чевли оваа сезона се потпреа на ориентален дезен, како и природни материјали со цврста текстура кои изгледаат несекојдневно.
Сега сандалите попримија класична силуета, а главен детаљ кој ги прави оригинални е дебелата и масивна потпетица изработена од геометриски облици.