Нането е во полн цут, а некои од вас веројатно го берат и сушат за да направат чај по потреба.
Младите домаќинки веројатно не знаат дека со нане може да се направи совршен освежителен пијалок, што е идеален, пријатен и вкусен начин за разладување во топлите денови, а и за овој преоден период.
Состојки:
– 10 гранчиња свежо набрано нане
– вода, 1 л
– шеќер, 1 кг
– маточина, 2 лажички
Подготовка:
Нането измијте го темелно, а потоа натопете го во вода со лимонска киселина. Исечете го лимонот со целата кора на парчиња и додадете го во водата.
Добро измешајте и оставете да отстои 24 часа.
Потоа исцедете го сокот во друг сад и додадете шеќер. Добро измешајте и оставете да отстои уште 24 часа.
После тоа, истурете го пијалокот во стерилизирани шишиња и чувајте го на ладно место.
Извор: Курир.мк