Живот и Стил

Колку често треба да ги перете зимските јакни и ракавици?

Колку често треба да ги перете зимските јакни и ракавици?

Дали причината за пореткото перење на зимската облека е затоа што тешко се суши или едноставно е навика да не се перат често овие работи е често прашање…

Сепак, треба да имате предвид дека тие треба да се одржуваат исто како и другите алишта, бидејќи од воздухот собираат прашина, нечистотии, алергени и се останато.

– Зимската облека и додатоците за студено време треба да се перат три до пет пати во сезона. Предметите како ракавици кои често доаѓаат во допир, на пример, со копчиња од лифтот, вратите, рачките на вратите и слично, треба да се перат еднаш неделно – советува д-р Џамила Јусуф.

Ако ракавиците не се перат, лекарот советува да имате неколку пара и да ги менувате во текот на неделата за да им дадете време на честичките од вирусот да се распрснат.

Истото важи и за шалот, бидејќи тој е околу вратот, па често се случува и други луѓе да дишат во него кога, на пример, сте во јавен превоз или сте стиснати на друго место.

Најдобро е да ја исперете зимската јакна пред да ја закачите на закачалка на пролет и да ја чувате во плакарот до следната зима. Кога ќе дојде постудено време, сигурно ќе ве чека мека и чиста јакна или капут.

Освен за облеката за која е потребно хемиско чистење, перењето во најжешката вода препорачана од производителот, со детергент и белило (на ткаенини што дозволуваат белило), ќе убие кој било вирус.

Потоа ставете го предметот во машината за сушење на препорачаната температура. Експертите тврдат дека тоа е доволно за перење и освежување на облеката за постудено време.

извор:popara.mk

To top