Се чини дека Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ ќе останат доживотни „непријатели“, дека е полесно да се замисли помирување на кои било две политички партии или кои било двајца лути ривали, отколку дека двете најпознати пејачки во Србија некогаш ќе најдат заеднички јазик. Затоа еден маж сигурно ќе почувствува големо задоволство што е речиси единствениот човек на планетата кој успеал да ги поврзе, макар и индиректно.
Имено, две музички ѕвезди можеби не делат ставови за многу прашања, но му веруваат на ист маж кога е здравјето во прашање.
Како што е веќе познато, Цеца неодамна беше оперирана во Истанбул од се уште непознати причини кои ќе бидат откриени во новата епизода од нејзиното „Цеца шоу“ во петок, но според неофицијални информации операцијата ја извршил познатиот турски хирург Булент Џихантимур кој Карлеуша пред неколку години го промовираше како чудотворец.
Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ, значи сега имаат заеднички лекар, а на Ражнатовиќ не и било проблем да дојде до овој стручњак, без разлика што нејзината ривалка веќе била под негов надзор.
– Ова е најдобрата клиника во светот. Бидејќи сум патувала многу и имав можност да се видам со други, можам да го тврдам тоа. Овде работат најдобрите стручњаци, просторот е импресивен… Овде имам и мир и приватност, што ми е многу важно – изјави Јелена откако имаше можност да го посети доктор Булент.
Сега на ред дојде Цеца, а колку е задоволна од неговата работа треба да се дознае наскоро. Пејачката во оваа прилика во Истанбул ја придружуваше нејзината сестра Лидија како морална поддршка, а истакнаа дека тоа е рутинска процедура, иако признаа дека траела дури шест часа, поради што имало уште доза на вознемиреност додека конечно сè не заврши.
фото:Instagram/printskrin ceca shou