Живот и Стил

Рецепт за брускети како од ресторан: Идеални се за појадок

Рецепт за брускети како од ресторан: Идеални се за појадок

Кога немате време да подготвите појадок, а дома имате основни намирници како леб, салата и сувомеснати производи, тоа значи само едно – брускети!

Кога ќе се намачка сирењето, ќе се измешаат пршутата и зачините, се создава вистинска рапсодија на вкусови во која ќе ужива целото семејство.

Состојки:
1 багет или старо лепче
1 домат
½ краставица
350гр пршута
Намаз од сирење
Зачини по вкус
Зачини за декорација
Балсамико

Подготовка:
Багетот исечкајте го на кришки, па наредете ги во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и печете 10 минути на 180 степени.

Кога ќе бидат готови, извадете ги од тавата кришките леб и премачкајте ги со намаз со сирење.

Потоа на секоја кришка ставете по две ливчиња пршута, ситно исечкани свежи и суви домати.

Краставицата исечкајте ја на прстени, па наредете ја врз пршутата и доматите. Посипете сè со малку балсамико оцет.

Посипете ги вашите омилени зачини над брускетите и додадете билки, на пример, рукола.

Уживајте во секој залак.

Пријатно!

Извор:Курир.мк

To top