Вистаграм

Пет ултрамодерни парчиња за жените над 50 години: Ќе направат да изгледате храбро и барем деценија помладо

Пет ултрамодерни парчиња за жените над 50 години: Ќе направат да изгледате храбро и барем деценија помладо

Постарите жени се често на мета на критики поради начинот на облекување, па затоа се неретко во дилема дали некое парче е во согласност со нивните години или не.

Меѓутоа, дамите постари од 50 години зад себе имаат огромно искуство, поминале низ разни модни епохи и имаат изграден моден стил. Не се сомневаме дека тие имаат истанчен моден вкус, а денеска ви претставуваме неколку предлози за модни парчиња кои се апсолутен хит и кои дамите над 50 години со задоволство ги носат:

Кожни парчиња

Без разлика дали станува збор за постари или помлади дами, кожните парчиња се „must have“ и секоја жена би требало да поседува барем едно парче во својот ормар. Тие ќе направат вашиот аутфит да изгледа многу подобро и ќе му дадат посебен печат.

Впечатливи бои

Впечатливите бои ќе направат да зрачите со самодоверба, додека ќе изгледате многу модерно и младолико. Охрабрете се и набавете едно парче облека во впечатлива боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grece Ghanem (@greceghanem)

Блејзери

Блејзерите секоја комбинација ја подигнуваат на повисоко ниво, давајќи ѝ доза на елеганција и префинетост. Постојат мноштво модели и кроеви – одберете еден во омилената боја и ќе ја разбудите моќната жена во себе.

 

Предимензионирани очила за сонце

Освен што ќе ги сокријат трагите на ненаспаност и умор, големите очила ќе направат да изгледате помладо и помодерно. Дури и во мрзеливите денови кога не сте расположени за шминкање, предимензионираните очила за сонце се вистинското решение за вас.

Чанти со мали до средни големини

Одберете го омилениот модел на чанта и во него ставете ги само најпотребните нешта. Ќе изгледате шик!

Извор: Точка.мк

To top